НБА ѕвезда уапсена поради оружје и дрога

НБА ѕвездата Раџон Рондо уапсена е во Индијана поради незаконско поседување огнено оружје, но и наркотични средства и марихуана.

„Полицијата го запре Рондо поради сообраќаен прекршок, но полицаецот почувствува марихуана по што следеше претрес на автомобилот и во таа прилика е пронајден пиштол, марихуана како и прибор за дрога“ – соопшти полицијата од Индијана.

Рондо немал дозвола за оружје која претходно му била одземена поради што за него следи кривична пријава. По приведувањето е ослободен со кауција.

Рондо мина 16 сезони во НБА лигата освојувајќи и две титули. Настапуваше за Бостон, Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, ЛА Лејкерс, Атланта и ЛА Клиперс  последен пат во 2022 година беше дел од Кливленд.

Тој во 2022 година беше пријавен и од неговата сопруга за семејно насилство поради физички напад и закани дека ќе ја убие. Но, случајот заврши со договор меѓу двете страни, а нешто слично се случи и во август 2023 година, но и тогаш тој и сопругата се смирија.

Се вчитува...