Новак: Кога слушам огномет, се потсетувам на бомбардирањето на Србија

Новак Ѓоковиќ си зеде одмор од тенисот по слабото издание на Австралија Опен, но српскиот тенисер во меѓувреме се појави со интервјуа во неколку австралиски медиуми пред да се врати назад во Европа.

Во едно од нив Ѓоковиќ обелодени дека менталната сила за камбек на мечевите ја наоѓа во тешкото детство и сето она што го преживеал за време на војната на територијата на Србија.

„Мислам дека сето тоа има врска со начинот на кој растев. Имав 12 години кога слушав како го бомбардираат мојот град, гранати паѓаа два и пол часа. Дали се уште мислам на тоа? Понекогаш, ми се појавуваат спомените, особено кога ќе слушнам некој огномет, многумина уживаат, но мене тоа ме потсетува на бомбите кои експлодираа. Не е премногу пријатно, најверојатно е траума, но да се вратам на вашето прашање, мислам дека токму тоа, начинот на кој растев, е поврзано со тоа чувство никогаш даа не се откажам, да бидам најдобар кога е најпотребно. Минавме низ две војни, ембардо од 1992 до 1996 година кога никој од српските спортисти не можеѓе да учествува на меѓународни натпреварувања. Сето тоа те прави поцврст како карактер“, изјави Ѓок0виќ.

Се вчитува...