Градската управа на Удине го одби предлогот на градоначалникот Алберто Феличе де Тони за доделување на титула почесен граѓанин на овој град на голманот на Милан, Мајк Мањан кој претрпе расни навреди од навивачите на Удинезе на натпреварот помеѓу овие два италијански тимови на 20. јануари.
Предлогот на градоначалникот се најде пред одборот на градот, но не го доби потребното мнозинство на гласови. Предлогот го поддржаа 25 луѓе, а 13 ги одбија предлогот.
„Пропуштивме шанса дека нашиот град е обединет и да се дистанцираме од тоа што го случи“, изјави неименуван член на одборот за италијанските медиуми.
Немилиот настан беше истражен и од самиот клуб и полицијата по што пет навивачи добија доживотна забрана за присуство на стадионот, а и самиот клуб беше казнет на еден натпревар без присуство на публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА