Ненадејната смрт на српската кошаркарска легенда Дејан Милојевиќ кој на 46-годишна возраст го загуби својот живот по срцев удар отвори можност за пријателски натпревар помеѓу неговиот поранешен клуб Партизан и клубот каде беше помошен терен Голден Стејт Вориорс.
За оваа идеја говореше генералниот менаџер на Партизан, Зоран Савиќ кој откри дека за реализација на идејата не се прашуваат само Партизан и Голден Стејт, туку НБА лигата која веќе има утврден распоред и за претсезоната.
„НБА се прашува за можноста да се одигра овој натпревар. Тие се главните со кои треба да зборуваме. НБА веќе има утврден распоред и се знае кои натпревари ќе бидат одиграни уште во претсезоната. Затоа не е лесно да организираме еден ваков настан. За нас можноста да одиграме натпревар против НБА тим ќе биде неверојатен подарок за нашите навивачи. Прв пат во историјата еден НБА тим да игра во Белград ќе биде нешто неверојатно“, изјави Савиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА