Нејпир за заминувањето од Црвена Звезда: Тоа е една од најлесните одлуки во мојот живот

Американскиот интернационалец Шабаз Нејпир изминатото лето ја засили Црвена Звезда и се очекуваше тој да биде лидер на белградскиот тим во Евролигата, но 32-годишникот воопшто не успеа да се наметне во српскиот тим.

Нејпир сред сезона одлучи да замине од Белград и да се врати назад од таму каде што дојде – Олимпија Милано, а сега во разговор за италијанските медиуми откри дека тоа било една од најлесните одлуки во неговиот живот.

„Постоеа гласини за можно враќање, но одлуката падна по натпреварот против Реал Мадрид во Белград. Следниот ден мојот агент го склучи договорот со Милано. Не сум имал полесна одлука во животот. Милано е прекрасен град, организацијата на тимот е неверојатна. Имаме одличен терени и одличен тим, со соиграчите се сложувам, прекрасно е што повторно сум тука“, изјави Нејпир.

Се вчитува...