Репрезентацијата на Мали се пласираше во 1/4 финалето на Африканскиот куп на Нации, откако беа подобри од Буркина Фасо со 2-1. Мали во 1/4 финалето ќе игра против Брегот на Слоновата коска.
После само три минути, Мали дојде до предност со автоголот на Едмонд Тапсоба. Со тој резултат се заврши и првиот дел, а на стартот од вториот дел Синајоко ја зголеми предноста. Бертранд Траоре погоди во 57 минута и го намали резултатот, за неизвесност во финишот.
Меѓутоа Мали на крајот успеа да се одбрани и така да влезе во 1/4 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА