Најнеизвесно во вечерашните натпревари од кошаркарската Евролига, беше во Минхен, каде што домашниот Баерн мораше да игра и продолженија за да ја совлада Басконија со 112-109.
Во регуларниот дел беше 94-94, по што во продолженијата резултатска нишалка. Најпрво водство за Басконија, а во финишот предноста ја презеде Баерн, и го доби мечот. Најефикасен беше Хауард од Басконија со 27 поени, додека кај Баерн Ибака постигна 21 поен.
Реал Мадрид за малку ќе направеше „од готово – вересија“ откако од 13 поени предност во последниот период, во финишот Макаби стигна само до -2 и ја загрози победата на „кралевите“. Меѓутоа лидерот на табелата успеа да се извлече од непријатна ситуација и да дојде до нова победа во Евролигата. На крајот домашните славеа со 106-101.
Муса кај Реал беше најефикасен со 19 поени, додека кај Макаби Болдвин постигна 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА