Екипата на Лутон го приреди најголемото изненадување во вечерашните натпревари во Премиерлигата, откако го совлада тимот на Брајтон со убедливи 4-0.
Уште после само три минути беше 2-0 за домашниот тим, а до крајот на полувремето и трет гол, а потоа во вториот дел и четврт за да ја зголеми хаваријата на гостите.
Лутон поведе преку Адебајо уште во 1. минута, а Огбене во третата го однесе Лутон до 2-0. Адебајо во 42. минута ја зголеми предноста, а потоа и со хет-трик во 56. минута ги отстрани сите дилеми околу победникот, ако воопшто ги имаше.
Фулам и Евертон одиграа нееефикасен натпревар кој заврши без голови. Евертон имаше голема шанса, но ја погоди пречката, а играчите на Фулам ја исфрлаа топката од гол-линијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА