Селекцијата на Јужна Африка го направи најголемото изненадување во Купот на Африкански нации, откако ја елиминираше фаворизираната селекција на Мароко во 1/8 финалето победувајќи ја со 2-0.
Згора на тоа, Мароко во последните моменти од мечот промаши пенал за израмнување. Хакими не успеа да реализира од белата точка. Наместо во мрежата, ја погоди пречката и така пропушти шанса да го однесе натпреварот во продолженија.
Јужна Африка дојде до предност преку Макгопа во 57 минута, за Мокоена во петтата минута од судиското надополнување со прекрасен гол од слободен удар стави печат на победата. Претходно Мароко остана со играч помалку откако исклучен беше Амрабат во 92. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА