Иконата на Селта ќе мора на суд поради напад на жена во костим на маскота

Хуго Мало има одиграно 448 настапи за Селта, а денеска е член на бразилскиот тим Интенационал. Екс играчот на тимот од Виго ќе мора да се појави на суд во Барселона, откако е покрената постапка против него поради малтретирање на жена во костим на маскота на Еспањол.

Судењето е закажано за 11. јули, а случајот датира уште од 2019 година. Селта гостуваше кај Еспањол, и пред почетокот на натпреварот Мало дошол до маскотата на Еспањол, а како што тврди жената која била во него, била допирана по градите од страна на играчот.

Мало стигна во Селта во 1990 година како осумгодишник, а го напушти тимот после 24 години по истекувањето на договорот.<

/p>

Се вчитува...