Клоп: Никој не треба да се грижи за иднината на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул во заминување Јирген Клоп, кажа дека и покрај неговото заминување, никој не треба да се грижи за иднината на клубот, откако капитенот Вирџил ван Дајк кажа дека не е сигурен како ќе изгледа тимот после летото 2024 година.

Клоп пред неколку дена ги шокираше сите љубители на клубот со објавата дека заминува по крајот на сезоната.

„Тоа се нормални работи, надворешниот свет не ви дава време да процесуирате се. Пред една недела никој не знаеше за мојата ситуација. Договорите на некои играчи истекуваат за 18 месеци, и никој ништо не зборуваше. Никој не мора да се грижи за иднината на Ливерпул“, истакна Клоп пред мечот со Челси.

Денеска се појави информација дека Зинедин Зидан е сериозен кандидат за замена за Клоп на клупата на Ливерпул. Покрај него, се споменуваат имињата на Чаби Алонсо и Роберто де Зерби.

Се вчитува...