Јапонија се пласираше во четвртфиналето на Купот на Азија откако во осминафиналето на турнирот во Катар славеше со 3-1 против Бахреин.
По бледата игра во групната фаза, Јапонците конечно заиграа како што треба и лесно се пласираа меѓу осумте најдобри селекции во Азија.
Јапонија поведе во 31. минута, а Такефуса Кубо во 49. минута зголеми на 2-0. Бахреин намали на 2-1 со автоголот на Сузики во 64. минута, за да конечната победа од 3-1 ја завери Уеда во 72. минута.
🚨🚨| GOAL: Ueda makes it THREE!!
Bahrain 1-3 Japan pic.twitter.com/oVpk2YqWF6
— CentreGoals. (@centregoals) January 31, 2024
Четирикратниот шампион на Азија во четвртфиналето го чека подобриот од пресметката меѓу Иран и Сирија.
Во останатите четвртфинални средби ќе играат Таџикистан – Јордан, Австралија – Јужна Кореја и Катар – Узбекистан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА