Андреа Белоти требаше да биде големо засилување за нападот на Рома, но поранешниот капитен на Торино воопшто не ги оправда очекувањата по преселбата на „Олимпико“. Лани имаше катастрофална реализација, а годинава е закован на клупата за резерви откако Ромелу Лукаку пристигна во клубот, па не беше никакво изненадување кога Белоти самиот побара да си замине.
Проблемот беше што не пристигна ниту една посериозна понуда за трансфер, па на крајот беше прифатена онаа за позамица, и тоа во редовите на Фиорентина. „Виолетовите“ сакаат да ја засилат конкуренцијата во нападот и на поранешниот италијански репрезентативец гледаат како на идеална опција, по што експресно беше постигнат договор со Рома.
Фиорентина ќе плати 750.000 евра за позајмица до крајот на сезонава, но во договорот нема сума за клаузула за откуп, туку клубовите ќе мора повторно да седнат на маса за да најдат начин Белоти да остане во Фиренца и по завршувањето на позајмицата.
Белоти сезонава настапи на вкупно 22 средби за Рома во сите натпреварувања, најчесто влегуваше во игра како резерва, но притоа успеа да постигне и шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА