Кошаркарите на Партизан доживеаја нов пораз во Евролигата откако вечерва загубија на гостувањето кај Монако со 85-70 во меч од 24. коло во елитната европска лига.
Монако освен во првиот период во кој имаше негатива од 14-16, тотално во останатото време го контролираше мечот и во ниту еден момент не им дозволи на избранците на Жељко Обрадовиќ да се понадеваат дека можат да стигнат до триумф.
Иако Кевин Пантер со 26 поени беше најефикасен на мечот и тоа не беше доволно за победа на српскиот тим. Кај победникот најпрецизен беше Мајк Џејмс со 19 поени.
Во вториот меч од раниот термин вечерва во Евролигата Жалгирис го прегази Анадолу Ефес 96-70.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА