Реина потпиша нов договор со Борусија, па се пресели во Премиер-лигата

Нотингем Форест ангажираше уште едно засилување откако беше постигнат договор за Џовани Реина, кој пристигнува на позајмица од редовите на Борусија Дортмунд.

Преговорите траеја десетина дена, челниците на Борусија инсистираа и на крајот успеаја, Реина да потпише нов договор со бундеслигашот и потоа да замине на позајмица од Дортмунд. Американскиот репрезентативец го стави потписот на новиот договор со „милионерите“, по што му беше исполнета желбата да добие зелено светло за преселба во Нотингем.

Овој 21-годишен фудбалер до неодамна важеше за „чудо од дете“ на Борусија, но сезонава воопшто не е дел од плановите на тренерот Терзиќ. Американецот стартуваше само еден меч на својот тим од стартот на сезонава, па јасно е зошто толку инсистираше на трансфер во клуб каде би имал поголема минутажа и можност за докажување на своите квалитети.

Се вчитува...