Брајан Сарагоса е решението за проблемите на Баерн Минхен, откако Томас Тухел се соочи и со недостиг на крилни фудбалери по најновата повреда на Кингсли Коман по која Французинот околу три месеци ќе биде надвор од терените.
Повреден е и Серж Гнабри, па управата на Баерн мораше да реагира и да го засили овој дел од тимот. Беа разгледани неколку опции, но на крајот беше решено да се забрза трансферот на Сарагоса, кој веќе беше договорен да пристигне на почетокот од јуни. Челниците на Гранада не сакаа да дадат зелено светло за предвремено заминување на еден од своите најдобри фудбалери, но ситуацијата се промени откако баварскиот гигант понуди неколку милиони.
На крајот, Гранада се согласи, за сума од загарантирани три милиони евра плус 1,5 милиони поврзани со клаузули, давајќи дозвола Сарагоса да се пресели во Минхен пет месеци порано од предвиденото. Баерн од претходно ја имаше активирано клаузулата од договорот на овој фудбалер, за сума од 13 милиони евра.
Сарагоса е третото засилување на баварскиот гигант во овој преоден рок, по Ерик Дајер од Тотенхем и Саша Бои од Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

