Италијанскиот тенисер Јаник Синер вели дека прва следна цел му е да се подобри за една позиција на АТП листата. Синер и покрај тоа што го освои Австралија опен, остана четврти, на 455 поени од Данил Медведев, а точно 1.545 поени од првото место на Новак Ѓоковиќ.
„Сакам да одам чекор по чекор, се уште е рано да бидам прв на АТП листата. Мојот тим не мора да биде најдобриот на светот. Важно е да се добри, нормални луѓе. Тоа го барам“, изјави Синер.
Синер е првиот Италијанец кој освои гранд-слем титула по Адријано Паната во 1976 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

