Ова го нема ниту на видеоигра: Холанѓанец го постигна најлудиот кош во историјата (ВИДЕО)

Годината штотуку започна, а веќе го добивме најсериозниот кандидат за најспектакуларен кош. Само неколку дена по нереалната тројка со звукот на сирената на асот на Фенербахче Јоргос Папајанис на мечот против Бахчешехир, уште полуд кош беше забележан на натпреварот од ФИБА купот помеѓу Лајден и Варезе.

Чудесниот потег на Холанѓанецот Лук ван Бри во последната секунда од првото полувреме ги остави во неверување љубителите на кошарката ширум светот.

Кошаркарот од Холандија по промашувањето на противничката екипа ја фати топката под кошот и со едната рака ја фрли преку теренот, а со звукот на сирената падна во кошот „како капка“.

Се вчитува...