Андреа Белоти замина на позајмица во Фиорентина

Фудбалерот на Рома, Андреа Белоти замина на позајмица во Фиорентина до крајот на сезоната.

Клубот од Фиренца нема обврска да го откупи договорот на 30-годишниот напаѓач, кој ја напушти Рома поради слабата минутажа, неколку месеци пред Европското првенство во Германија.

Белоти се пресели од Торино во Рома во 2022 година.

 

Се вчитува...