Баерн Минхен плати 6.5 милиони за 16-годишен фудбалер

Германскиот великан Баерн Минхен го ангажираше фудбалерот на шведски АИК Јона Куси-Асаре. Тие за ова 16-годишно момче платија платија 6,5 милиони евра.

Швеѓанецот роден во Гана, кој игра како напаѓач, ќе продолжи да се развива во вториот тим на клубот од Минхен. Баерн истиот ден ја официјализираше соработката и со Шпанецот Брајан Сарагоса кој игра на крилната позиција, а доаѓа на „Алијанц арената“ од Гранада.

Двајцата потпишаа договори со германскиот шампион во последниот ден од преодниот рок.

Се вчитува...