„Судиите во Евролигата се ужасни“

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан е разочаран од нивото на судење на натпреварите од Евролигата. По мечот со Милано, и покрај убедливата победа на атињаните, Американецот ја истакна лошата работа на судиите.

Дамир Јавор, Гитис Вилиус, Кристапс Константиновс беше триото кое беше делегирано за натпреварот помеѓу Панатинаикос и Милано. Од неговите зборови јасно се гледа дека има проблем со начинот на кој судиите ги водат натпреварите од коло во коло, а не само на последниот меч.

„И покрај победата од 20 поени, човече, судиите беа ужасни и некој треба да ја преземе одговорноста за тоа како ги водат натпреварите“, изјави Нан.

Се вчитува...