Болницата „Барселона“: Чави има еден цел тим повредени играч!

Барселона  во големи проблеми пред саботното гостување кај Алавес. Тимот не е во најдобра форма, следуваше елиминација од Купот на Шпанија и потоа пораз и од Вилјареал на домашен терен, а сега Реал Мадрид може да им избега на 10 бодови, ако „кралевите“ вечерва го победат Гетафе. Барселона има два порази на последните три натпревари, иако вчера успеаја да запишат победа над Осасуна, но тој натпревар остави големи последици.

Барселона поради повреда го загуби Жоао Феликс на почетокот на оваа недела, а после Осасуна е јасно дека е загубен и Феран Торес. На повреди се пожалија и Роналд Араухо и Жоао Кансело. Тоа значи дека вкупниот број на повредени играчи се зголеми на 12.

Во моментов тренерот Чави нема да може да смета или неизвесни за настап се: Гави, Балде, Алонсо, Тер Штеген, Рафиња, Мартинез, Торес, Роберто, Феликс, Араухо, Кансело и Кристенсен.

Се вчитува...