Екипата на Баерн Минхен успеа порано да го откупи договорот на Брајан Сарагоса. Шпанскиот крилен фудбалер имаше договор со „Баварците“ кој требаше да почне од лето, но управата на германскиот првак беше принудена да преговара да го ангажира шест месеци порано, поради тоа што Кингсли Коман е повреден.
Сарагоса доаѓа од редовите на Гранада. Пред неколку месеци потпиша со баварскиот гигант, меѓутоа дресот на Баерн ќе го облече веднаш. 22-годишниот Сарагоса во минатото беше дел и од Малага. Оваа сезона има одиграно 21 натпревар од 22 за Гранада, од кои на 18 беше стартер, постигнувајќи шест гола.
Тој беше прогласен за најдобар млад играч во октомври во Ла Лига, и доби повик за репрезентацијата на Шпанија. Станува збор за одличен крилен играч со кој Баерн Минхен добива проверен играч за идните години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

