Црвена Звезда стигна до голема победа во Евролигата откако во 24. коло славеше убедливо против Валенсија на домашен терен. Дел од тимот беше и Милош Теодосиќ, искусниот српски плејмејкер кој беше неизвесен за средбата против Шпанците, но и покрај повредата одигра под „блокада“ и со шест поени и седум асистенции придонесе за значајната победа.
А, 36-годишникот ќе биде дел и од престојниот натпревар против Барселона во петок со кој „црвено-белите“ ќе го комплетираат двојното коло во најсилниот кошаркарски шампионат во Европа, потврди тренерот Јанис Сферопулос.
„Милош се уште чувствува болка, но е многу подобар. Ќе игра против Барселона“, потврди грчкиот стартег во разговор за српските медиуми.
Црвена Звезда со скор од 10 победи и 14 порази е на 12. место на табелата во Евролигата и е две победи зад десеттото место кое води во плеј-инот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА