Репрезентативец на Боливија ладнокрвно убиен сред терен на пријателски натпревар

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Боливија, Серхио Хореги е ладнокрвно убиен во Мексико за време на пријателски натпревар. 38-годишникот бил шест пати застрелан од непосредна близина додека се наоѓал покрај клупата на својот тим, пренесуваат тамошните медиуми.

Напаѓачот со мотор заминал од местото на несреќата, а и покрај тоа што медицинскиот персонал брзо интервенирал, не успеал да го спаси Хореги кој починал на лице место.

Хореги најголемиот дел од својата кариера ја помина во Боливија, а имаше и шанса на европската сцена во швајцарското првенство во 2005 година, но не успеа да се наметне во тимот на Ивердон. За репрезентацијата на Боливија запиша 13 настапи.

Се вчитува...