Спектаклот во Ријад, пријателскиот натпревар меѓу Ал Наср и Интер Мајами заврши со посрамотување на американскиот тим.
Ал Наср трумфираше со 6-0 во мечот кој Кристијано Роналдо, поради повреда го следеше од трибините, но во кој навистина уживаше.
Спектакуларни беа реакциите на Роналдо на секој од головите на неговите соиграчи, но секако не можеше да се воздржи на сензацијата која ја приреди Ајмерик Лапорт во првото полувреме.
Ronaldo’s reaction 😂
He couldn’t believe it. pic.twitter.com/kK6hUvrNdy https://t.co/kfwai46nlk
— Project Football (@ProjectFootball) February 1, 2024
Дефанзивецот Ајмерик Лапорт погоди во противничкиот гол од својата половина. И тоа погоди за 3-0 во 12. минута, низ пеколниот старт на Ал Наср кој за само 12 минути дојде до 3-0 против Интер Мајами, претходно и со головите на Отавио во 3. минута и Талиска во 10. минута.
LAPORTE JUST SCORED FROM HIS OWN HALF FOR AL NASSR AGAINST INTER MIAMI WOW! 👏 pic.twitter.com/TteXzntMYu
— Project Football (@ProjectFootball) February 1, 2024
За да се комплетира дебаклот на Интер Мајами се погрижија во второто полувреме уште Талиска со нови два гола и хет-трика, и Маран.
Лионел Меси во игра влезе во 83. минута на натпреварот, кога веќе се беше решено а остана да сведочи и како актер на дебаклот на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

