Лудило во Евролигата: Играч со топка удри судија па брутално го нападна (ВИДЕО)

Басконија славеше со 92-82 против Макаби Тел Авив во синоќешното 25.коло од Евролигата, но мечот го одбележа скандалот на крајот од натпреварот.

Кошаркарот на Макаби, Американецот Вејд Болдвин на крајот од мечот видно изнервиран поради судиска одлука фрли со топка кон судијата а потоа внесувајќи му се во лице брутално вербално го нападна.

Судијата остана мирен, а за да нема потежок инцидент спречија соиграчите на Болдвин кој инаку е поранешен кошаркар токму на Басконија. Јасно е дека Американецот го очекува жестока казна од Евролигата.

Се вчитува...