Трката за Големата награда на Јапонија, на патеката Сузука, ќе остане во календарот на Формула 1 најмалку до 2029 година, соопштија организаторите.
Договорот со легендарната патека истекуваше оваа година, но денеска е продолжен на уште пет години. Сузука е една од најомилените патеки за Ф1 возачите.
ГН на Јапонија на патеката Сузука првпат се возеше во 1987 година, и од тогаш стекна легендарен статус. Оваа година ГН на Јапонија ќе се вози порано од вообичаеното, односно во април помеѓу трките во Австралија и во Кина, а не на есен како што беше тоа досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА