Големиот шведски талент ја одби Барселона за да оди во Тотенхем

Големиот шведски талент Лукас Бергвал, кој денеска наполни 18 години, ќе потпише професионален договор со Тотенхем. Иако беше се договорено од Ѓургарден да замине во Барселона, сепак, во последен момент фудбалерот го променил мислењето и се упати кон Лондон.

Тотенхем на Ѓургарден ќе му плати 10 милиони евра за овој трансфер, а договорот ќе важи од јули оваа година.

Дел од медиумите во Англија пишуваат дека во целата работа свој придонес имал и Дејан Кулушевски, репрезентативецот на Шведска кој има потекло од Македонија. Наводно Кулушевски му кажувал на Бергвал за животот во Лондон и за клубот, па така Бергвал се одлучил за Премиерлигата.

Се вчитува...