Кемниц Најнерс од чиј дел е и македонскиот кошаркарски стратег Ѓорѓи Кочов е прогласен за најнеомилен противник во германската Бундеслига од страна на членовите на стручните штабови на сите 18 клубови во силното првенство.
Со 33.3 отсто од гласовите Кемниц е изедначен со бундеслигашот Баерн Минхен на првото место на ова гласање што е уште еден доказ од одличната работа на овој бундеслигаш кој од година во година бележи се поголем напредок.
View this post on Instagram
Кемиц кој неодмана беше и предводен од Кочов на еден официјален натпревар, а стигна и до победа во неизвесна завршница е прв на табелата во германското првенство со биланс од 15 победи и само три порази, и веќе го осигура настапот во четвртфиналето од ФИБА Еврокупот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА