Искусниот германски фудбалер и екс репрезентативец Жером Боатенг, ја засили Салернитана, последнопласираниот тим во Италија.
Боатенг доажа во Салернината како слободен играч, откако „раскина“ со Лион, каде што беше од 2021 до сега. Претходно Боатенг играше за Манчестер Сити, Баерн Минхен, Хамбургер и Херта.
За германскиот национален тим Боатенг настапи 76 пати, а најголемо достигнување му е светската титула во 2014 година во Бразил. На клупско ниво има девет титули во Бундеслигата, пет Купа, два трофеи во Лигата на шампионите и два во ФИФА светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА