Претседателот на Барселона Жоан Лапорта, кажа дека европската Суперлига ќе почне во сезоната 2025/26 и дека секој клуб учесник ќе добие по неверојатни 100 милиони евра.
Лапорта е отимист дека во иднина и оние клубови кои не прифатија, ќе се приклучат на идејата и ќе играат во ова натпреварување.
„Ако Суперлигата не почне следната сезона, сигурно почнуваме од 2025/26 година. Секој клуб ќе добие по 100 милиони евра, а тие пари не може да се заработат ниту со освојување на Лигата на шампионите“, рече Лапорта, потоа соопштувајќи кои клубови ќе учествуваат во натпреварувањето.
„Барселона, Реал, Интер, Милан, Наполи, Рома, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, три клуба од Холандија, Андерлехт и Бриж. Суперлигата би имала 16 или 18 клуба. И Купот на шампиони во 1995 година се играше со малку клубови, па натпреварувањето порасна“, кажа Лапорта.
На прашањето околу неучеството на англиските клубови, Лапорта одговори.
„Не ми е гајле за нив, тие веќе имаат Суперлига. Нашето натпреварување би се борело со Премиерлигата. Верувам дека Англичаните подоцна ќе ни се приклучат. ПСЖ во моментов не сака да игра затоа што има моќна позиција во УЕФА“, смета Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

