„Карлос Алкараз е светлосни години зад Синер“

Јаник Синер по фантастичната игра на Австралија Опен продолжува да биде топ тема на разговор за светот на тенисот. За младиот Италијанец сега говореше и Паоло Бертолучи кој направи интересна споредба со Карлос Алкараз.

Според поранешниот италијански тенисер неговиот сонардоник е светлосни години пред Шпанецот кога е во прашање психолошкиот аспект.

„Ментално Карлос Алкараз е светлосни години зад Синер. Често во важните моменти бара нешто повеќе од само поен. Сака да биде забавен, да ја вклучи публиката, односно да направи некој специјалитет. Тоа е се убаво, тоа е нешто што не забавува, но некогаш поради тоа губите мечеви. Синер е многу постабилен и пофокусиран на самите случувања на теренот“, изјави Бертолучи.

Се вчитува...