Интер во последните години заврши одлични работи на пазарот на слободни играчи, носејќи врвни засилувања без никаква отштета, тренд што ќе продолжи и наредното лето.
„Нероаѕурите“ се во преговори со неколку играчи за слободни трансфери, а првиот кој дефинитивно ја прифати понудата на директорот Марота е Пјотр Зиелински. Фудбалерот за врска на Наполи веќе подолго време е поврзуван со Интер, во трката за негов потпис се вклучија и Јувентус и уште неколку клубови од Премиер-лигата, но Зиелински на крајот пресече и по истекот на договорот со „наполитанците“ летово ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.
Зиелински ќе потпише четиригодишен договор за плата од 4,5 милиони евра по сезона, плус бонуси за секој освоен трофеј со „нероаѕурите“.
Се очекува Интер по завршувањето на Купот на Азија да потпише преддоговор и со иранскиот голгетер Мехди Тареми, кој исто така ќе пристигне следното лето по итекот на договорот со Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА