Полскиот шампион Киелце реши да го отстрани од првата екипа францускиот репрезентативец Беноа Кунку по големиот скандал откако крилниот ракометар беше уапсен во татковината под обвинение за обид за силување.
Нкунку мина најмалку 24 часа во притвор пред да биде пуштен со кауција, откако беше обвинет дека се соблекол гол во дискотека во Париз и нападнал девојка што била гостинка во локалот. Само брзата реакција на обезбедувањето спречила уште поголем размер на скандалот, а полицијата веднаш по пристигнувањето на местото на настанот го уапсила Кунку.
„Сакаме да информираме дека Беноа Кунку е отстранет од клубот и нема да ја претставува нашата екипа се додека не биде расчистен случајот од француските власти“, објави денеска Киелце преку клупско соопштение.
Како што стојат работите, Кунку ќе биде надвор од терените до крајот на сезонава, ако се знае дека судскиот случај против него допрва ќе стартува и се очекува да трае неколку месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА