Агентот на Леброн одговори на шпекулациите за неговото заминување од ЛА

Агентот на првата НБА ѕвезда Леброн Џејмс, Рич Пол, ги демантираше гласините дека неговиот најважен клиент ќе биде трејдуван од Лејкерс. Ваквите шпекулации се појавија во текот на денот и додека малкумина можеа да веруваат дека Лејкерс ќе се откажат од својот заштитен знак, агентот на играчот на крајот мораше да се изјасни.

Шпекулациите за трејдот всушност многу придонесе и самиот Џејмс откако на натпреварот против Атланта на социјалната мрежа „Х“ објави „емоџи песочен часовник“ како порака дека времето истекува.

„Леброн нема да биде трејдуван ниту пак баравме да биде трејдуван“, ја разјасни дилемата Рич Пол.

Џејмс, кој има договор вреден 51,4 милиони долари со „езерџиите“ има опција да се откаже од истиот дури на крајот на јуни.

Се вчитува...