Вест Хем сепак успеа да ги продаде двајцата фудбалери на кои синоќа им пропаднаа трансферите

Англискиот премиерлигаш Вест Хем доби дозвола од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да се раздели со Саид Бехрама и Пабло Форналс, двајца фудбалери на кои синоќа во последните часови од преодниот рок им пропаднаа трансферите.

Во три часот наутро, извршниот директор на Бетис Рамон Аларкон објави дека поради инцидент со компјутерот, не бил реализиран трансферот, и покрај тоа што челниците на Ла Лига одобрилe регистрација на Пабло Форналс и после полноќ. Сепак, од ФИФА го дозволија овој трансфер па Форналс кариерата ќе ја продолжи во Ла лига. Форналс со Бетис потпиша договор до 2029 година.

Саид Бехрама ќе биде на позајмица во Олимпик Лион со можност за откуп на крајот од сезоната за 12.3 милиони евра.

Се вчитува...