Борусија Дортмунд не успеа да ја продолжи победничката серија во Бундес-лигата откако „милионерите“ вечерва ремизираа 0-0 на гостувањето против Хајденхајм.
Новиот бундеслигаш повторно се покажа како кошмарен ривал за „милионерите“, па откако првиот меч во Дортмунд заврши 2-2, така и вечерашниот дуел меѓу овие екипи финишираше без победник. Борусија имаше повеќе од поседот на топката, но не успеа да го претвори во победа. Мален постигна погодок во првото полувреме, но беше поништен со ВАР, додека Хајденхајм во 91. минута имаше стопроцентна шанса, но ударот на домашниот напаѓач заврши сантиметри крај голот на гостите.
Борусија Дортмунд со ова реми сега се наоѓа на делба на третото место, со меч повеќе во однос на Штутгарт (двата тима имаат по 37 бода).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

