Драма во Лече: Фиорентина водеше до 90. минута, на крајот претрпе пораз

Навивачите на Лече долго ќе го паметат вечерашниот дуел со Фиорентина на кој нивните миленици стигнаа до неверојатна победа, славејќи со 3-2 иако до почетокот на 90. минута резултатот гласеше 2-1 во корист на „виолетовите“.

Овој супердраматичен меч почна со водство на Лече од 1-0, резултат со кој се замина на одмор. Фиорентина заигра подобро на стартот од второто полувреме и преку Мадрагора и Белтран стигна до пресврт, но во самиот финиш на сцена стапија резервите на Лече, кои донесоа пресврт и огромна радост на својот тим.

Пиколи се најде на вистинското место и шутираше прецизно со глава за 1-1 во 90. минута, а само две минути подоцна Доргу ја затресе мрежата на Фиорентина за тотална еуфорија меѓу домашните навивачи на стадионот во Лече.

Се вчитува...