Кошаркарите на Денвер славеа против Портланд со 120-108 во натпреварот кој, како и многупати досега, го одбележа Никола Јокиќ.
Српскиот центар го водеше својот тим до победа со нов „трипл-дабл“ во меч со статистички ефект каков НБА последен пат видела во 1968 година. Двократниот МВП на НБА лигата и минатогодишен МВП на финалето запиша 27 поени, 22 скока и 12 асстенции. Такви бројки пред него остварија само уште двајца кошаркари во историјата на НБА, прв Елџин Бејлор во 1961 година, а потоа го повтори тоа 12 пати – последен пат во 1968 година.
За Јокиќ, пак, ова беше 15-ти „трипл-дабл“ сезонава и 120-ти во кариерата. Втор за него оваа натпреварувачка година со минимални 20 поени и 20 скока.
Покрај Јокиќ на синоќешниот натпревар се истакна и Арон Гордон со 18 поени и пет асистенции, а Скот Хендерсон со 30 поени и пет скока беше најдобар кај Портланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

