Кошаркарите на Атланта триумфираа со 129-120 против Феникс во уште една одлична партија на српскиот репрезентатвец Богдан Богдановиќ.
Богдановиќ постигна 23 поени, а имаше и пет асистенции и четири скока, во мечот во кој повторно „решеташе“ за три поени. Србинот има најмалку една тројка на дури 57 едноподруго натпревари, што е најдолга низа во НБА лигата.
Сепак, најефикасен во победата на Атланта беше Тре Јанг со 32 поени и 15 асистенции, а на спротивната страна Кевин Дурант запиша 35 поени, осум скока и осум асистенции.
Bogdan Bogdanovic vs Phoenix Suns
23 PTS
4 REB
5 AST
8/12 FG#TrueToAtlanta W pic.twitter.com/ToKtLQO9Zw— A Walking Highlight (@11AWH) February 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

