Легендарниот Марко Ројс по цели 12 години ја напушта екипата на Борусија Дортмунд.
Ројс сезонава одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола, но веќе е извесено дека нема да добие нов договор од „милионерите“.
Како нов клуб на Ројс веќе се спомнува Борусија Менхенгладбах од каде пред 12 години стигна во Дортмунд.
Марко Ројс е еден од милениците на навивачите на Борусија Дортмунд, затоа што, за разлика од многу други негови соиграчи од клубот во минатото, одлучи никогаш и по никоја цена да не се сели во редовите на Баерн Минхен.
Германецот со „милионерите“ успеа да игра и во финалето на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

