Еден Азар се отвори како никогаш: „Професионалниот фудбалски живот е ср.ње…, јас сум хедонист, сакам многу алкохол и храна!“

Поранешниот белгиски репрезентативец Еден Азар изминатото лето го раскина договорот со Реал Мадрид каде мина четири години откако за 120 милиони евра пристигна од Челси.

Но, преселбата во „кралскиот клуб“ за Азар беше тотално промашување. Никогаш не успеа да ги исполни очекувањата на Реал и силните милиони кои Флорентино Перез ги вложи за неговото доаѓање.

Со кариерата заврши на само 32 години затоа што се помири со тоа дека начинот на живот кој го води воопшто не му помага да трае во професионалниот фудбал.

„Не внимавав воопшто што јадам и како се хранам… Не можеш така да живееш 16 години, да не внимаваш на исхраната, а да очекуваш да си на врвно ниво. Но, тогаш мислев дека тоа не е важно. Хедониста сум, сакам да јадам и пијам со друштвото. Диетата е обично ср.ње и кај мене не палеше“ – открива Азар за „Л’Екип“ и дополнува:

„Ако сакаш да играш до 40 години мораш да се откажеш од многу други работи. А краток е животот. Јас знаев дека не сум од оние што ќе се жртвуваат, и знаев дека порано ќе се пензионирам. Секогаш имав шампањ во мојот дом, алкохол и многу храна која не е баш за фудбалери. Но, таков сум и не се срамам од тоа!“.

Се вчитува...