Тренерот на Стефано Пиоли пред само неколку месеци силно го поддржа враќањето на Златан Ибрахимовиќ на една од директорските позиции во клубот. Но, сигурно ни најмалку не насетуваше дека враќањето на Златан би можело да значи и негов крај на „Сан Сиро“.
Веќе се погласни се информациите во италијанските медиуми дека се подготвува отказ за Пиоли, а иницијатор за негова смена е токму Ибрахимовиќ.
Во Милан не се задоволни од резултатите на тимот и сметаат дека е дојдено време за промени на тренерската позиција. „Газета дело Спорт“ пишува дека Ибрахимовиќ веќе и официјално предложил смена на тренерот и од Извршниот одбор добил „зелено светло“ за такво нешто. Златан ургира на местото на Пиоли да дојде Антонио Конте.
Иако Ибрахимовиќ, во меѓувреме, ги демантираше сите тие шпекулации нагласувајќи дека „Пиоли останува тренер„ и дека „смачено му е постојано од новинарските шпекулации“, сепак е јасно дека не е „чист“ и дека веќе на големо е договорено доаѓањето на Конте.
Quale futuro per #Pioli? C'è un piano 👇https://t.co/POvjdbe5MY
— CalcioNews24.com (@CalcioNews24) February 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА