Познати времето и местото на погребот на Дејан Милојевиќ во Белград

Неодамна починатиот српски кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ ќе биде погребан на 12. февруари во Белград.

Милојевиќ ќе биде погребан на гробниците во Бежанија, со претходно закажано опело од 13 часот.

Дејан Милојевиќ почина на 17. јануари во САД како последица на силен срцев удар.

Милојевиќ важеше за еден од најдобрите кошаркарски тренери во регионот, кој по големите успеси како предводник на Мега го прифати големиот предизвик да се пресели во НБА-лигата и да биде помошник на Стив Кер во тимот на Голден Стејт вориорс. Србинот беше омилен лик во таборот на „воините“, каде шокот беше огромен по страшната случка.

Се вчитува...