Кошаркарите на ТФТ Скопје ја запишаа втората своја победа во АБА 2 лигата, триумфирајќи против ГГД Шенчур од Словенија со 85-77 во регионалното кошаркарско натпреварување.
Македонскиот тим беше подобар тим во текот на целиот натпревар, сосема заслужено доаѓајќи до победата. Американецот Калхум постигна 18 поени, а Ташковски запиша 16 поени кај ТФТ Скопје. Петровиќ се издвои кај Шенчур со 15 постигнати поени.
ТФТ Скопје во моментов е на претпоследната позиција во лигата со 12 бода. Следниот дуел во ова натпреварување го игра против МЗТ Скопје на 19. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА