Еден од најдобрите клубови во Втората лига, Детонит Плачковица предводена од Иван Варадиновски со 2-1 славеше на пријателскиот натпревар против Каменица Саса, кој се одигра на Градскиот стадион во Радовиш.
Детонит преку новото засилување Зоран Ивановски дојде до водство од 1-0, а откако Каменица Саса израмни со голот на Исмаил Бектеш, во финишот радовишани со гол на Хубрев дојдоа до конечните 2-1.
Башкими триумфираше на тестот против Тетекс со 0-1, со голот на Онур Емини во 79. минута од натпреварот.
Во Гевгелија, пак, Кожуф и Беласица одиграа натпревар без победник, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА