Баер Леверкузен и Баерн Минхен ја продолжуваат трката по титулата во Бундес-лигата откако денеска двете екипи забележаа рутински победи. Со тоа, Баер Леверкузен ја задржа предноста од два бода во однос на баварскиот гигант пред големото дерби што ќе се игра следниот викенд (10 февруари) на „Бај Арената“.
Баер попладнево како гостин го совлада Дармштад со 0-2, меч во кој во главна улога беше десниот бек Тела. Овој фудбалер доби шанса во стартниот тим на местото на Фримпонг и апсолутно ја оправд довербата на Чаби Алонсо постигнувајќи ги двата гола во денешниот триумф на својот тим.
Баерн Минхен се враќаше од негатива, но успеа да триумфира над Борусија Менхенгладбах со 3-1. Клучен беше голот на Павловиќ пред самиот крај на полувремето за 1-1, по што во вториот дел најпрвин прецизен беше Кејн, а потоа печат на победата стави Де Лихт.
Штутгарт се задржа на третото место по рутинската победа од 1-3 на гостувањето против Фрајбург, додека кризата на Мајнц уште повеќе се продлабочи по домашниот пораз од Вердер од 0-1.
Резултати Германија:
Баерн М. – Борусија М. 3-1, Дармштад – Баер Л. 0-2, Мајнц – Вердер 0-1, Фрајбург – Штутгарт 1-3, Бохум – Аугсбург 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

