Каков луд меч во Њукасл, Хоџсон пак се „тресе“

Њукасл и Лутон ремизираа 4-4 во еден од најлудите натпревари сезонава во Премиер-лигата, откако гостите прокоцкаа предност од два гола што ја имаа во второто полувреме.

Њукасл два пати водеше со головите на Лонгстаф, но Лутон успеа да израмни најпрвин на 1-1, а потоа и на 2-2 по очајните реакции на одбраната на домашниот тим. Шокот на „Сент Џејмс Парк“ беше огромен кога гостите поведоа со 2-4 со пеналот на Морис и голот од контрнапад на Адебајо. Домаќините сепак собраа сили за камбек и преку Трипие и Барнс израмнија на 4-4, но не може да направат целосен пресврт, па мораа да се задоволат само со еден наместо со планираните три бода.

Рој Хоџсон повторно е на работ на отказ откако Кристал Палас беше растурен од Брајтон со 4-1. Тимот на Брајтон пред неколку дена беше демолиран од Лутон, но избраниците на Де Зерби денеска се покажаа во далеку подобро светло и стигнаа до убедлива победа. За проблемите на Палас да бидат уште поголеми, Михаел Олис заработи повреда неколку минути по влегувањето во игра, па одличниот играч за врска ќе мора да паузира уште извесен период од фудбалските терени.

Интересно беше и на дуелот Барнли – Фулам, каде гостите по првото полувреме имаа предност од 0-2, но Барнли успеа да се спаси со двата гола што ги постигна “резервистот“ Фофана.

Се вчитува...