Милер е класа за себе: Прв во историјата со 500 победи во дресот на Баерн

Томас Милер стигна до уште едно неверојатно достигнување откако искусниот напаѓач попладнево ја прослави својата јубилејна, 500. победа во дресот на Баерн Минхен.

Големиот ас целата кариера ја мина во баварскиот гигант, низ годините одби бројни понуди, а во меѓувреме урна низа рекорди на овој голем клуб. Милер севкупно има одиграно 690 натпревари за Баерн, за денеска против Борусија Менхенгладбах да ја прослави 500. победа, со што стана прв играч во клупската историја со ваков јубилеј.

Веднаш по мечот, капитенот Мануел Нојер му врачи на Милер пригоден подарок – дрес со бројот 500, во знак на бројот на победи што напаѓачот ги забележа во текот на својата неверојатна клупска кариера.

Се вчитува...